МВР со детали за сообраќајката на „Рузвелтова“

На 10.07.2021 во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото “шкода јети“ и двајца сопатници (полициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходно објавивме дека возилото „јети“ изгубило контрола и удрило во такси-возилото, по што се превртело. Трите полициски службеници се пренесени во болница, а утрово, по увидот, оштетеното возило е отстрането од улицата и сообраќајот се одвива без препреки.