МВР со детали за случајот во ЈСП: Уапсено е едно лице

Полицијата уапси едно лице во врска со дојавата за бомба во ЈСП. 

-Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И.  вработен во ЈСП,  по претходна пријава околу 5 часот од ЈСП дека од неговиот меил на службениот меил на ЈСП и на мејловите на сите директори, службите за финансии, правни и други  служби во ЈСП со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите, информираа утрово од МВР.

Оттаму велат дека се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.