МВР со детали за синоќешното насилство во тетовско Гајре - уапсен е 16-годишник

Синоќа во СВР Тетово, З.И.(39) од село Гајре пријавил дека околу 20:00 часот во Гајре бил пресретнат од Л.М. и 16-годишно малолетно лице, кои излегле од патничко моторно возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, по што насилно го внеле во двор од куќа сопственост на Л.М.

Како што се наведува во полицискиот билтен, таму му упатиле закани со огнено оружје и физички го нападнале со тврд предмет.

По преземени мерки, околу 21.50 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(43) и Е.М.(20) од Гајре, кои биле затекнати во патничко моторно возило „Голф“ кое претходно не запрело на даден знак за запирање на полициски службеници.

Во Гајре, во присуство на родител, од слобода било лишено и 16-годишното малолетно лице.

Лицата се задржани во полициска станица, а возилото е задржано за преглед во Полициската станица Тетово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на Л.М. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.