
Синоќа во 21:05 часот во ОВР Кочани било пријавено дека во близина на село Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани.
Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.
Како што се наведува во полицискиот билтен, при обид да го изгаснат пожарот, В.И. (56) од село Мојанци, кој бил на своето работно место како чувар и уште две лица вдишале чад, при што од страна на Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош.
За настанот биле известени јавен обвинител и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување Кочани.
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.