МВР со детали: Малолетничката од Волково се качила на воз и добила струен удар

МВР се огласи за случајот со малолетничката која се здобила со повреди при струен удар. 

Имено, вчера (27.11.2022), во 13.41 часот било пријавено дека на Железничка станица Маџари со повреди од струен удар се здобила 17-годишна малолетничка од с.Волково, скопско. Според пријавеното, таа се качила на вагон и притоа дошло до струен удар и се здобила со повреди. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што вчера објавија повеќето медиуми причината веројатно била, снимање предизвик за „Тик Ток“ видео.