Вчера на подрачје на ПСОН Аеродром, Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивни активности од областа на заштитата од имотни деликти под мотото „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.
Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните им укажуваа да не оставаат вредни предмети во паркираните автомобили, со цел да се превенираат можностите од тешки кражби од патнички моторни возила.
Исто така, на граѓаните им беше укажувано за начините за превенција во тесна соработка со полицијата, а воедно им беа делени и едукативни печатени материјали со информативни содржини, информираа од МВР.