МВР работи на расчистување на случајот во кој вооружени лица нападнале чувар во деловен објект во Скопје

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска информираше дека се работи на расчистување на случајот во кој неколку лица со закана со оружје изутрината во деловен објект во Скопје нападнале чувар, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.

– Кога ќе има информации во однос на тоа, ќе ги споделиме со јавноста, одговори Спасовски на новинарското прашање за повеќе информации во однос на овој случај.

Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на ул.„М.К.Бригада“ во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот Ш.М. Потоа, како што информираа од МВР, запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.