МВР: Приведен криминалец баран со неколку потерници

Во угостителски објект на улица „Прашка“ во Скопје, вчера во 21:40 часот Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лиши од слобода К. Д. (39) од Скопје, баран со потреници.

Како што информираат од МВР, лицето било барано по четири централни потерници, по издадени наредби на Основен суд Скопје 1, поради сомнение за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик од 2014 година, „тешка телесна повреда“ по член 131 и две кривични дела „учество во тепачка“ по член 132 од Кривичниот законик.

На него му била одредена и мерка притвор по сите четири наредби и ќе биде предадено на казнено поправна установа.