МВР приведе двајца агресивни скопјани кои нападнале полицајци

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.40 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции ги лишиле од слобода Б.М.(25) и Н.С.(27), двајцата од Скопје.

- Б.М. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а Н.С. се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник, информираат од полицијата. 

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.