МВР: Поради протест голем дел од сообраќајниците утре ќе бидат затворени за сообраќај

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, поради најавено одржување на протест, со почеток во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Притоа, посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на бул. „Илинден“ - од крстосницата на бул. „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“, до крстосницата од бул.„8 Септември“ и бул. „Илинден“ - крстосницата од ул. „11 Октомври“ и бул.„ Кочо Рацин“ (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев“ и бул. „Крсте Мисирков“ (Судска палата).

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Приватните превозници протестираат откако градоначалничката Данела Арсовска одби да преговара со нив и објави дека ќе има нов јавен повик за приватни превозници. ЈСП го раскина договорот и со „Слобода превоз“. Претходно беше раскинат договорот и со „Макекспрес.

Од ЈСП признаваат дека има долгување кон приватните проевознци, но велат дека долгот е наследен.