МВР објави меѓународна потерница по тинејџерот кој прегази жена во Капиштец и избега од државата - ова е неговото име и презиме!

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави меѓународна потерница за 18-годишникот кој што прегази жена во Капиштец на улицата „Народен фронт“ и побегна од местото на настанот, за да потоа заедно со неговиот татко заедно ја напуштат и државата.

Го споделија и целото име на бегалецот - Саит Саитов.

„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, се вели во објавата на МВР.

Од МВР споделија и негова фотографија.