МВР на терен, еве за што беа казнети скопјани вчера

Министерството за внатрешни работи и во текот на вчерашниот ден беше на терен, спроведувајќи засилени контроли во сообраќајот.
Па, според извештајот на МВР, на територија на град Скопје беа казнети вкупно 171 учсници во сообраќајот, меѓу кои за брзо возење беа санкционирани вкупно 70 возачи, а исто така беа изречени и 11 мерки за возење без возачка дозвола.

Од МВР информираат дека се изречени 22 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за користење мобилен телефон, како и четири мерки за некористење на сигурносен појас.

Со оваа контрола беа издадени и седум мерки за минување на црвено светло, а исто така беа казнети и вкупно 24 возачи за непрописно паркирање.

Во известувањто на МВР, се наведува дека засилените контроли ќе продолжат и во следните денов.