МВР: Лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, постапуваме по пријава за напад

Полицијата постапува по пријава за напад, откако едно лице се јавило во 16:45 во билетарата на МНТ, информираа за МИА од МВР откако вечерва беа евакуирани неколку објекти во центарот на Скопје.

– Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно. Апелираме граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните и точни информации, наведуваат од МВР.

Неколку објекти меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансиската полиција, Инспекторатот за животна средина, Филхармонија, Македонскиот народен театар… вечерва се евакуирани. Сите приоди кон тој дел од центарот на Скопје се блокирани. Се претпоставува дека се работи за лажна дојава за бомба.