МВР апсеше за пронајдена марихуана на неколку локации во Скопје

МВР уапси неколку лица за марихуана на подрачјето на Скопје. 

На 09.05.2022 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Н.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска  во 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода К.К.(25) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера во 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Ј.Д.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така вчера, во одвоен случај, во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.Х.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите случаи ќе биде поднесен соодветен поднесок против сторителите.