МВР: 179 сообраќајни прекршоци во Скопје, 50 за брзо возење

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

Како што информира денеска МВР, изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Од МВР, најавуваат дека продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.