Музика за сечиј вкус! Владо Јаневски, Силви бенд, Влатко Миладиноски во Охрид

Македонската публика, особено помладите, со нетрпение го очекува најголемиот летен спектакл, концертот на светската мегаѕвезда Џејсон Деруло на 2. август во Охрид. Концертот е закажан за на стадионот „Билјанини извори“. 

Освен овој познат изведувач, најавени и се бројни музички настапи на регионални музички ѕвезди. Веќе следниов викенд, поточно на 1. август во Охрид на стадионот „Билјанини извори“ настапува мега ѕвездата Лепа Брена, а свој концерт ќе има и миленикот на женската публика Саша Ковачевиќ. Цените на билетите се 1.200 денари. На 6. август, исто така во македонскиот туристички бисер доаѓа Јелена Томашевиќ, каде цената за билет чини 1.000 денари. 

Освен овие ѕвезди, закажани се настапи и на бројни македонски изведувачи. 

На 31. јули во Античкиот театар во Охрид настапува познатиот „Силвибенд“, заедно со Симфониски оркестар. 

Владо Јаневски исто така закажа концерт за во Античкиот театар во Охрид, на 8. август. Билетите се по цена од 800 денари. 

Во уникатниот амбиент на еден од најубавите простори во државата, ќе оживеат балади кои се дел од колективната емоција – „Црно Тиквешко“, „Евергрин“, „Некогаш и Негде“, „Тајна отровна“,… песни со кои растевме, созревавме, радувавме и тагувавме, велат организаторите. 

На 7.август во Охрид, исто така во Античкиот театар концерт ќе има и познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски.