И годинава, традиционално, ќе се слават Водици во Гази Баба.
Светиот крст во базенот во Црквата Св. Георѓи во Ченто ќе биде положен во недела со почеток во 10:00 часот.
Најсреќниот верник кој прв ќе стигне до крстот ќе биде награден.
По овој чин, следи јубилејната 15та „Пивтијада 2025" која ќе се оддржи со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда.
Манифестацијата во себе содржи натпреварувачки, хуманитарен и музички карактер.
Граѓаните ќе имаат можност да се натпреваруваат со најубаво украсена пивтија и да бидат наградени, да купат пивтија и со тоа да донираат за Клиниката за детски болести и да уживаат во изведбата на македонските песни од настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиновски и Даниела Темелковска.
- Ги поканувам сите граѓани од општина Гази Баба, но и градот Скопје да присутвуваат на оваа манифестација и заедно да ја продолжиме традицијата на големиот христијански празник Богојавление - Водици, порача градоначалникот Бобан Стефковски.