Мудри зборови на Меша Селимовиќ: Добриот човек гледа добрина во секому, а лошиот во сè гледа зло

Познатиот Меша Селимовиќ зад себе остави огромно творештво, мудрости и поуки од кои можеме да научиме многу.

Најголем успех постигна со делата Тврдина и Дервишот и Смртта, а ова се некои од мудрите реченици од нив.

Не ја менувајте својата природа. Некои трчаат по среќата, други ја создаваат. Кога животот ќе ни даде илјада причини за плачење, покажете му дека имате илјада причини за насмевка.

Љубовта е единствената работа на светот која не треба да се објаснува и за која не треба да бара ниту една причина.

Кој ја промашува љубовта, го промашува и својот живот.

Сонот е она што се сака, а животот е будење од тоа.

Човекот е проклет и жали за патиштата кои не ги поминал. Но, кој би знаел што би го чекало на нив?

Одиме без причина, се радуваме без причина, се смееме без причина, со една причина – живи сме и се сакаме. Не ни е потребно повеќе од тоа.

Да не те запознаев, ќе бев лут на животот, па нема да имав ништо, како ни сега, но не би ни знаел што е тоа среќа. Поради тебе не се чувствувам поразен, не мислам на одмазда. Мислам само на тебе. 

Ја криеме љубовта, но така и ја гушиме. Штета.

Пријателството не се избира, тоа се случува, којзнае зошто, исто како и љубовта.

Ни стар фустан не треба да се крпи а камоли љубовта. Подобро е да заминеме.

Добриот човек гледа добрина во секому, а лошиот во сè гледа зло.

Луѓето ги презираат оние кои не успеваат, а ги мразат оние кои ќе се издигнат над нив. Навикнете се на презир ако сакате мир или на омраза ако се согласите на борба.