Мудра приказна: Како се чува љубовта?

Едно момче било заинтересирано да добие совет од мајка си околу тоа како се чува љубовта. Нејзиниот одговор е нешто што ќе ве поттикне да размислувате.

Мајката и момчето се шетале на една плажа. Во еден момент, момчето рекло:

„Мамо, како се чува љубовта?“

Мајката го погледнала и одговорила:

„Земи малку песок и стисни го во раката.“

Детето ја стиснало длакнката и колку повеќе стискало, толку повеќе песок излегувало низ стиснатата дланка.

„Ама мамо, песокот ми бега.“

„Знам, ајде сега целосно отвори ја дланката.“

Момчето ја послушало, но во тој момент дувнало ветер и го однел целиот песок од дланката.

„Ни вака не успевам да го задржам песокот.“

На тоа мајката, со насмевка на лицето, одговорила:

„Сега земи малку песок во раката и држи ја дланката како да е во облик на лажичка, доволно затворена за да го заштитиш, а доволно отворена за да биде слободен.

Детето го направило тоа што му било речено и песокот останал во дланката, доволно заштитен од ветерот и слободен за да не се излизга од прстите.

„Ете, така се чува љубовта.“