Мудра приказна: Како да препознаете добар човек?

 

Еден ден, го прашале локалниот мудрец како се препознаваат добрите луѓе. Еве што одговорил:

„Не можете да го препознаете по тоа што зборува, или по тоа како изгледа, туку по атмосферата што се создава во негово присуство. Тоа е доказ. Затоа што никој не може да создаде атмосфера што не му припаѓа на неговиот дух.“

(суфиска мудрост)

Прво можете да ја откриете личноста според енергијата што ја испушта, како се чувствувате во негово/нејзино присуство. Дури и кога некој се преправа, кога се обидува да биде премногу љубезен, а всушност има лоши мисли и намери, можете да го почувствувате тоа. Затоа, најважно е да ја следите вашата интуиција, чувството во стомакот што се буди кога нешто не е во ред. Никогаш не го игнорирајте.

Кога личноста околу вас создава атмосфера на пријателство, љубов, прекрасна енергија, таква што сакате да ѝ пријдете и повторно да ја видите, тогаш добивате чувство дека се работи за добра личност, на која можете да ѝ верувате и која вреди да се сака.