Муцунски: Започнува градежната офанзива во населба Лисиче

Денеска во Населба Лисиче започнува голема градежна офанзива на општината која опфаќа проекти во уличната инфраструктура, спортската и забавни објекти. Но, оваа офанзива значи и забрзување на постапката за изведба на спортскиот центар „Пирин“ и изградба на нова детска градинка.

-Уште откако ја презедовме локалната власт се заложивме за рамномерен локален развој и инвестиции во секое населено место, па затоа до крајот на мандатот подеднакво ќе се посветиме на секој дел од Општина Аеродром. Во рамки на тековните есенски инвестициски активности, Населба Лисиче добива ново современо игралиште за фудбал и кошарка веднаш зад трговскиот центар и непосредно до спортскиот центар „Пирин”, а наскоро започнува конструкцијата на ново катче за најмладите, но и целосното асфалтирање на две улици во вкупна должина од над два километри, информираше денеска првиот човек на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. 

-Градиме поубав Аеродром со нови инфраструктури објекти. Актуелната градежна офанзива подразбира инвестиции во проекти кои се наменети за сите возрасни групи, но и инвестиции во подобрување на условите за живот и спорт во општината Аеродром. Ова се проекти чии бенефити ќе ги почувствуваат сите жители на општината и инвестиции кои ја покажуваат грижата на општината за развојот, но и подобар и поубав Аеродром, порача тој од терен.