Муцунски во Тирана на Министерски состанок посветен на Коридорот 8

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска во Тирана учествува на Министерскиот состанок посветен на Коридор VIII, заедно со неговите колеги од Албанија, Италија, Бугарија и Романија.

Во фокусот се инфраструктурните проекти што се реализираат долж Коридор VIII, како и предизвиците со кои се соочуваат земјите, за чие надминување е неопходна засилена политичка координација.

Во објавата на Фејсбук, Муцунски упати благодарност до заменик-министерката Вилма Премти за срдечното добредојде.