Муцунски во обиколка на вело патеките низ Аеродром

Новиот велосипедски полигон во ООУ ,,Ѓорѓија Пулевски” во скопски Аеродром секојдневно се користи за едукација на стотици ученици, при што тие имаат шанса да се запознаат со правилата и сигнализацијата при возењето велосипед, како и важноста од одржување на здрав и активен начин на живот.

 На едно вакво предавање се придружија и градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот Дејан Митески, кои заедно со наставниците и учениците направија обиколка на полигонот и велосипедските патеки низ Општина Аеродром.

- Инвестициите во велосипедската инфраструктура се од огромно значење за животот во Аеродром и токму тоа е еден од нашите приоритети, порача Муцунски.