
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кои деновиве е во работна посета на САД, информираше дека во Вашингтон остварил средба со конгресменот Мајк Тарнер.
„Разговаравме за силните билатерални односи, стратешкото партнерство и сојузничката соработка во рамки на НАТО. Посебен акцент ставивме и на регионалната стабилност и безбедност, состојбите во Западен Балкан и потребата од нудење на јасна ЕУ перспектива за регионот – како инвестиција во стабилност и безбедност“, истакна Муцунски во својата фејсбук објава.
Муцунски вчера имаше средба и во Стејт департментот со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Андрју Стоу.
„Постигнувањата во изминатите 30 години дипломатски односи, стратешкото партнерство, политичката и секторската соработка, како и потенцијалот за нивно понатамошно продлабочување беа во фокусот на денешната средба. Заеднички ги потврдивме одличните билатерални и пријателски односи, засновани на вредностите на безбедност, демократија и слобода. Упатив благодарност за континуираната поддршка од САД во трансформацијата на општеството, зајакнувањето на капацитетите и спроведувањето на неопходните реформи, информираше Муцунски по средбата со Стоу.