Муцунски: Привилегија е да бидеш избран од граѓаните, но не и да играш „сони“ во канцеларија како поранешниот градоначалник на Карпош

Една од најдобрите привилегии на оваа позиција е фактот дека си директно избран. Излегле луѓе и директно за тебе гласале што е огромна обврска. Ова во денешното интервју објавено на youtube го истакна градоначалникот на општината Аеродром, Тимчо Муцунски. 

- Има градоначалници како поранешниот градоначалник на Карпош - Стефан Богоев кои играле „сони„ или „кантер“ во канцеларија и поради тоа сега паѓаат тавани во градинките, додаде тој. 

Муцунски потенцираше дека градоначалниците мора да постават поинакви пракси за да не се случуваат после мандатот да бегаат од политиката или од кандидатура за следен мандат.