Муцунски од Битола: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кратат од непродуктивните трошоци и работат на остварување на ветените капитални проекти

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и Градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски денес оствари посета на Битола каде се срретна и со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. 

Муцунски во рамки на својата посета потенцираше дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кратат од непродуктивните трошоци и работат на остварување на ветените капитални проекти.

Во Битола тоа е видливо преку работата на градоначалникот Коњановски и неговиот тим, нагласи Муцунски и потенцираше дека работата на локално ниво редно е да се преслика и на национално ниво и повика на итни, предвремени парламентарни избори.