Министерот за надворешени работи Тимчо Муцунски на социјалните мрежи информираше дека во интервјуто со најголемиот јавен сервис SBS, на македонски и англиски јазик зборувал за билатералните односи со Австралија но и за односите со САД, НАТО и економските и политичките врски.
„За време на работната посета на Австралија, дадов две интервјуа за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, на македонски и англиски јазик. Зборувавме за билатералните односи со Австралија, идното продлабочување на економските и политички врски и улогата на македонската дијаспора. Во разговорите ги опфативме и приоритетите на Владата во однос на надворешната политика и евроинтеграциите, членството во НАТО и партнерството со САД“, напиша Муцунски.