Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски денеска присуствуваше на работен појадок со словенечките стопанственици во државата. Како што вели самиот тој во објавата поддршката на постојните странски инвеститори и привлекувањето нови инвестиции се важен приоритет на министерството со кое тој раководи.
„Словенија е значаен економски партнер, со бројни компании активни во различни сектори. Во конструктивна дискусија со стопанствениците разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат и за можностите за нивно надминување. Во обраќањето нагласив дека Владата останува силен партнер на деловната заедница, посветена на унапредување на деловниот амбиент преку регулаторни реформи, поволни инвестициски услови и редовен дијалог со инвеститорите, додаде Муцунски.
Нашата цел е создавање стабилна и предвидлива економска средина, истовремено зајакнувајќи ги билатералните економски врски и продлабочувајќи ја бизнис-соработката, со посебен фокус на напредните технологии, дигиталната економија и иновациите“, потенцира во објавата министерот Муцунски.