Муцунски на Денот на среќата: Во свет полн со грижи и препреки продолжуваме да создаваме услови за посреќен живот на дечињата

Светот денес го одбележува Денот на среќата. По тој повод градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски присуствуваше на настан организиран во детската градинка „Буба Мара“, клонот кој се наоѓа во населбата Лисиче, каде потенцирајќи ја важноста на среќата заедно со дечињата испратија важни пораки за среќа и безгрижен живот.

-Денешниот ден е одлична можност да се потсетиме дека во свет полн со грижи, предизвици и препреки, неопходно е дечињата да ги научиме да живеат среќен живот, но и да им овозможиме простор и средина каде деновите ќе ги поминуваат во безгрижна атмосфера исполнета со многу љубов“, истакна градоначалникот Муцунски.

Најавувајќи низа проекти во детските градинки тој додаде дека наша обврска пред се како луѓе е да направиме се да ја тргнеме грижата од нивниот живот, а токму поради тоа инвестициите во детските градинки остануваат важен приоритет за Општина Аеродром.