Му пронашле дрога во станот и компјутери преку кои организирал онлајн игри на среќа - Турчин уапсен во Скопје

Претрес во Скопје, лишен од слобода бил турски државјанин кај кого била пронајдена дрога и компјутери преку кои организирал онлајн игри на среќа.

Од МВР информираат дека денеска во Скопје, на територија на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Б.(29), турски државјанин со престојувалиште во Скопје.

При извршен претрес, по добиена судска наредба, во домот во кој престојувал Б.Б., пронајдени биле пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лап топ компјутери преку кои организирал онлајн игри на среќа.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.