Му ја укинале социјалната помош, па почнал да им се заканувал на вработените

Пред неколку дена во 11 часот вработена во Центар за социјални работи во Скопје пријавила дека од декември минатата година, 58-годишниот Д.К. и упатувал закани по животот. 

Причина за тоа била што на Д.К. му била укината социјалната парична помош, откако во Центарот за социјални работи било утврдено дека документите кои тој ги приложувал биле фалсификувани. Исто така, Д.К. упатувал закани по живот и на нејзина колешка. 

Пријавителката посочила дека Д.К. подолг период ги вознемирувал вработените, но во последно време зачестиле заканите по нивните животи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.