МПЦ ќе добие станови на атрактивната локација спроти ГТЦ

Македонската православна црква за ТВ24 потврди дека ќе добие станови на атрактивна локација спроти Градски трговски центар, односно хотелот „Холидеј Ин“, во замена за земјиштето што го дале таму на инвеститорот.

Црквата ќе добие станбен и деловен простор во висококатниците кои ќе се градат на локацијата која досега беше паркин простор.

– „На инвеститорот, МПЦ му ја отстапува својата парцела за која треба да добие станбен и деловен простор во објектите што ќе се градат таму“, велат од МПЦ.

Оттаму појаснуваат дека тие не учествуваат во купување на никакво државно земјиште, туку купувањето го врши фирмата Обновители.

-Исто така МПЦ нема да учествува во градењето на таа локација, велат од МПЦ