Можеш да имаш десет куќи, но домот е онаму каде што е мајката

„Родителскиот благослов е најголемото наследство кое децата можат да го добијат. Особено мајчинскиот благослов – тоа е голема работа. Сите останати доаѓаат во нашиот живот по случајност, а таа уште од првиот ден живее во нашата крв. Освен тоа, кога ќе ја изгубиме, не ја губиме само мајката, со неа исчезнува и половина од нашето детство, затоа што таа била присутна во целокупниот наш дотогашен живот.”

Со овие неколку редови, Ги де Мопасан успеал совршено да ја објасни љубовта кон мајката. Во продолжени ви пренесеуваме неколку убави изреки за љубовта кон мајката. Споделете ги овие редови со вашата мајка и кажете ѝ колку ја сакате.

„Мајка – тоа е банката во која ги остававме сите наши болки и тага.“ – Томас де Вит Талмад

„Вашата мајка е повредна и позначајна од сите овоземски богатства“ – Вајолет Џејмс

„Јавете ѝ се на вашата мајка. Кажете ѝ дека ја сакате. Запомнете, вие сте личност која го чула отчукувањето на нејзиното срце додека сè уште не сте биле на овој свет.“ – Рејчел Волчин

„Мајчиното срце е длабок бунар на чие дно секогаш ќе најдете прошка.“ – Оноре де Балзак

„Мојата мајка е песна која никогаш нема да успеам да ја напишам, иако сè што ќе напишам е песна посветена на мојата мајка.“ – Шерон Дабијаго

„Едно мало девојче било запрашано каде е нејзиниот дом. „Таму каде што е мојата мајка“, одговорила таа. – Кит Л. Брукс

„Оној кој ќе остане без мајка изгубил чиста душа која постојано го благословувала и чувала.“ – Карил Џибран

„Мајчината љубов е гориво кое му овозможува на човекот да го направи она што е невозможно.“ – Марион Гарети