Можеби треба да застанете за миг и да препознаете што сте постигнале досега

Можеби во овој моментален период од вашето патување не е потребно да се развивате, растете и да се трансформирате во некоја подобра и поголема личност. Можеби вашето патување сега се состои во тоа да одвоите момент и да застанете за да го цените она што сте денес. Можеби е потребно на вашето патување токму сега да се заљубите во секој ден од себе, токму онакви какви што сте сега. 

Можеби вашето сегашно патување се состои во тоа да застанете и да препознаете што сте постигнале и каква личност сте станале. Можеби сега вашето патување се состои во тоа мирно да стоите, да размислувате и да ги славите вашите победи – победите покрај кои сте поминале, а не сте ги забележале затоа што сте биле премногу зафатени со трчање по следната нова цел.

Можеби вашето сегашно патување не е учење на нешто ново, впуштање во нови авантури или да бидете подобри во нешто одредено. Можеби вашето патување е токму во препознавањето дека сте добри во работите поради кои порано сте се потценувале. Можеби вашето патување е токму во тоа да се цените себеси онака како што никогаш претходно не сте се ценеле. Можеби вашето патување токму сега се состои на тоа да се сакате себеси онакви какви што сте денеска, а не потенцијалот на она што можете да станете.

Можеби вашето патување токму сега се состои во спознанието дека врвот на вашата среќа нема а ја почувствувате за пет или десет години, туку дека таа е токму тука денес и во овој момент.

Нида А.