„Можеби“ НЕ е одговор!

Јас не заслужувам да чујам „Можеби“. Тоа никој не го заслужува. „Можеби“ не е одговор! Никој не заслужува да чуе како гласот од другата страна на телефонот се досадува, без воопшто да биде запрашан како му поминал денот. Никој не заслужува чекање. Никој не заслужува да биде со некој кој не прави ништо за да го поправи расипаниот ден. Никој не заслужува осаменост додека е во врска. И никој не заслужува да не добие признание за трудот, додека другата страна воопшто не се ни труди. Никој не заслужува да го чуе зборот „Можеби“. Не сакам повеќе да слушам како ми велиш дека „ќе размислиш за тоа“ или „можеби“ ќе отидеш некаде со мене. 

Не сакам повеќе воодушевено да ти зборувам за нешто, а ти да ме гледаш рамнодушно. Не сакам моите чувства да газиш и да градиш ѕидови помеѓу нас. Преку глава ми е од тоа луѓето да ме газат. Преку глава ми е од тоа да ме птоценуваш, да се поигруваш со мене. Јас не сум празна кукла, јас сум жена, иако во моментов сум тажна жена. 

Заслужувам прегратки кои немаат крај, заслужувам бакнежи кои го сопираат времето, заслужувам радост и насмевки. Сите заслужуваме повеќе од едно обично „можеби“. Сите заслужуваме разговори од кои нашето тело ќе трепери и ручеци кои со часови ќе траат. Заслужуваме ноќни долги разговори поради кои нашите срца ќе блескаат во мракот. Јас заслужувам повеќе. Сите заслужуваат повеќе. Заслужувам луѓе кои ме сакаат. Кои ми ја допираат душата и кои сакаат да успеам. Сите заслужуваме повеќе отколку што мислиме. 

Вие кои ова го читате заслужувате убави нешта во животот. А не луѓе кои ве игнорираат. Вие ги заслужувате сите прегратки на овој свет. И ги заслужувате најдобрите луѓе покрај себе. Ги заслужувате и оние кои ќе ви докажат колку сте единствени и посебни!