Можеби не е одговор

Јас од тебе не заслужувам да слушнам „Можеби“. Тоа никој не го заслужува, затоа што „Можеби“ не е одговор. Никој не заслужува да слушне како другиот се досадува, без воопшто да те праша како ти поминал денот. Никој не заслужува чекање, затоа што другиот со денови не се јавува. Никој не заслужува да биде со некој кој не сака да му го разубави денот. Никој не заслужува да се чувствува осамено додека истовремено е со некого. И никој не заслужува да не му се цени трудот, а другата страна воопшто да не мрда со мал прст. Никој не заслужува да слушне „Можеби“. 

Не сакам веќе да слушам како ми велиш дека „ќе размислиш“, односно дека „можеби“ ќе отидеш некаде со мене. Не сакам повеќе воодушевено да ти зборувам за некои идни настани, а ти да ме гледаш со презир. Не сакам моите чувства да ги влечеш надолу и сѐ повеќе да градиш ѕидови меѓу нас. Преку глава ми е веќе луѓето да ме газат и да се однесуваат кон мене како да сум парче месо. Преку глава ми е од тоа да ме потценуваш и да си играш со мене. 

Јас не сум празна кукла, јас сум жена. Заслужувам прегратки без крај, заслужувам бакнежи кои го запираат времето, заслужувам воодушевено да кажам „ДА“, со насмевка која со денови нема да ја симнувам од лицето. Сите заслужуваме повеќе од едно обично „Можеби“. Сите заслужуваме разговори поради кои нашето тело ќе трепери до страст. И ручеци кои ќе траат со часови. Заслужуваме долги ноќни разговори поради кои нашето срце ќе блеска во мракот. Јас заслужувам повеќе. Сите заслужуваме повеќе. 

Заслужувам некој кој ќе се грижи за мене, кој ќе сака да ми го промени животот на подобро. Оној кој ќе ми ја допре душата и ќе сака да бидам среќна. Сите заслужуваме подобро отколку што мислиме дека заслужуваме. 

Вие, токму вие кои го читате ова – заслужувате сѐ надобро. А не луѓе кои ќе креваат раменици покрај вас, како да не постоите. Вие, да токму вие, го заслужувате најдоброто на светот. Вие ги заслужувате најдобрите луѓе околу вас. Ги заслужувате оние кои ќе ви докажат колку сте единствени, посебни и благословени луѓе.