Можеби ќе биде потребно воведување на нов данок

Зголемувањето на јавниот долг е очекувано поради падемијата од корона, но за спас на економијата непоходно е водедување нови даноци и поефикасно полнење на државаната каса велат економските екперти. Според нив за мала и отворена економија како Македонија, овој јавен долг на среден рок не е одржлив и државата мора да изнајде механизам за негово намалување.

„Особено загрижува за малите и земјите во развој е она надминување на 60 проценти на јавен долг. Повеќе истражувања покажуваат дека ако го надминете нивото над 60 проценти ви треба дупло повеќе време да се вратите под 60. Кога ќе излеземе од оваа пандемија ќе мора да ја зголемиме ефикасноста во наплатата на приходите, или да воведеме корона данок или нова давачка со цел да го наполниме буџетот“, рече Борче Треневски- Универзитетски професор.

Зголемениот јавен долг на 59,5% од БДП или 6,5 милијарди евра и денес наиде на реакции од политичките партии. За ВМРО- ДПМНЕ ваквото задолжување се должи чисто за популизам и предизборен поткуп, од друга страна СДСМ јавниот долг го правда како  непходно задолжување на државата за справување до кризата.

izvor-alsat-m.tv