Мотоциклистот е повреден, увидот трае - МВР за сообраќајката рано утрово кај „Бристол“

Мотоциклистот во кој утрово удри автобус кај „Бристол“ е повреден, информираа од МВР за Скопје Инфо. 

- На 13.07.2026 околу 08:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булевар „Кирил и Методиј“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус и мотоцикл. При тоа, со повреди се здобил мотоциклистот, соопштија од полицијата. 

Во тек е увид на местото на настанот.