
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на магистралниот пат А-3, на делницата Велес–Штип.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена во ОВР Свети Николе на 26 август во 10:40 часот, а во неа учествувале патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 68-годишниот П.Н. од село Соколарци, Кочанско, и мотоцикл со словачки национални ознаки, управуван од 60-годишниот Ј.Д. од Словачка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.