МОСТ: Досега не се забележани неправилности

Сите гласачки места на кои граѓанската асоцијатива МОСТ има распоредено набљудувачи се отворени на време и досега не се забележани неправилности во спроведување на постапката за гласања. Гласањето се одвива безбедно, согласно здравствените протоколи, соопшти денеска МОСТ.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи.На 696 гласачки места,избрани според случаен и репрезентативен примерок,распоредени се исто толку набљудувачи,со што се покриени20% од вкупниот број на гласачки места на територијата на целата држава, како и 20% од гласачките места во рамките на секоја изборна единица.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 55мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија. 

Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.