Морав да се изберам себе наместо тебе...

Во оваа приказна јас сум главна улога, а се работи за нас. Те сакам. Не, те сакам тебе, затоа што се избрав себе, наместо тебе. Не затоа што сум себична, туку затоа што ти не го чувствуваш истото. Не сакам повеќе да се надевам дека некогаш повторно ќе постоиме „ние“. Тоа го чувствувам како безнадежен случај во кој јас те сакам тебе, а ти не знаеш за тоа. Боли само сознанието дека можевме да бидеме „ние“, но никогаш нема да бидеме тоа – затоа што ти не го чувствуваш тоа. 

Не сум себична, зарем не? Тоа што се избрав себеси, наместо тебе?

Сега додека го пишувам ова, ми доаѓа да заплачам. Плачам и се молам Бог да ми даде сила да престанам да те сакам. Се молам да не трошам повеќе енергија да мислам на тебе. И сакам да можев да па пишувам поубава приказна, а не ова. Љубовен роман, кој досега не е напишан. За последен пат пишувам за тебе и мене, затоа што се помирив со нашиот крај. 

Се избрав себеси и сакам да те вратам онаму каде што припаѓаш. Далеку, далеку од мене. И нема да го блокирам влезот кон твоето срце и душа. Не сакам да бидам таа личност. Сакам да си отидам пред да си отидеш. Си заминувам за да можеш да си заминеш и ти.

Се избрав себеси, затоа што сакам повторно да се чувствувам целосна, затоа што не се чувствував така кога бевме заедно. 

Сакам повторно да бидам целосна. Засега го земам назад она што отсекогаш било само мое: моето срце.