Морате да понудите мир за да го имате

„Ако сакате да бидете гласот на мирот во светот, почнете така што ќе го направите мирот постојана состојба во вашиот живот. Мирот ќе ви дојде кога ќе станете оној кој лечи, а не оној кој суди.“

Еве неколку идеи за кои треба да размислите:

Морате да понудите мир за да го имате. Сметајте се себеси за мирољубива личност. Обрнете внимание на наклонетоста на вашето его да биде повредено и да почне конфронтации и конфликти со околината. Вашето присуство нека биде полно со љубов, а не со вашето его и љубовта нека ги предводи вашите зборови и дела. 

Запомнете дека жалењето и кукањето носи само немир, додека комуникацијата носи мир. Ако сте лути на некој во вашиот живот, работете на тоа да комуницирате со таа личност. Неколку моменти во дискусија се доволни за простувањето да го поништи немирот и да го ослаби влијанието на вашето его.

Дајте си себе подарок во вид на момент исполнет со мир, кој ќе си го посветите на себеси. И тоа секој ден. Исклучете ги внатрешните дијалози и увидете ја разликата помеѓу постојаните звуци и благословот на вашите тивки врски со Универзумот. Ова е најсигурниот начин да ја ослабете контролата на егото и да се придвижите кон внатрешната визија на мирот која е ваше право од раѓање.

Потсетете се себеси дека најдобра техника за воспоставување мир во вашиот живот е секогаш да изберете љубезност кога пред вас ќе се исправи изборот помеѓу тоа да бидете во право или да бидете љубезни. Ова е најефективната метода за будење на чувството на мир, која јас ја знам. А избор имате во секоја од вашите интеракции.

Кога вашето повисоко Јас е присутно, тоа секогаш промовира мир. Ако имате двоумења дали е тоа вашето его кое говори или вашето повисоко Јас, одговорот станува очигледен кога ќе се запрашате: Дали ова ќе донесе мир или вознемиреност во мојот живот? Мир не можеме да најдеме во тоа да бидеме во право, или да бидеме лути или повредени. 

По секоја цена работете на тоа да ги исправате погрешните работи кои ги гледате и применувате, но правете го тоа со разбирање и свесно дека вашето луто срце го спречува сознанието со Бог на патеката на вашата света потрага. 

Мирот ќе дојде кога ќе станете оние кои лечат, а не оние кои судат.

д-р Вејн Дајер