Мораме да веруваме, работите доаѓаат на свое место во вистинско време

Иако луѓето често се чувствуваат осамено и изолирано од другите, пандемијата предизвика тоа да е поинтензивно и почесто.

Но, никој не може да ја исполни празнината која ја чувствуваме во себе, освен ние самите. Луѓето доаѓаат и си одат од нашите животи, најдобрите од нив оставаат трага, но на крајот на денот ние сме сами со себеси и треба да се прифатиме и сакаме онакви какви што сме, а ако сакаме нешто да промениме треба да поработиме на тоа.

Не можеме ништо да бараме од другите, не можеме да се трудиме да ги промениме. Можеме само самите да научиме да се сакаме и да го исполниме срцето со нешто што ни одговара.

Мораме да научиме да бидеме трпеливи, со другите луѓе и со себеси. Да забавиме малку, да одиме чекор по чекор и да веруваме. Мораме да најдеме дом во себеси и да се потпреме на сопствената интуиција, да го следиме својот сопствен пат и да веруваме и се надеваме дека добрите нешта се пред нас, но и дека тие зависат од нас, не од другите луѓе во нашиот живот.

Најважно е да продолжиме, оваа пандемија трае подолго отколку што очекувавме и веројатно ќе продолжи, но треба да научиме да се потпреме на себеси, да ги сакаме другите, но таа љубов да произлегува од љубовта која ја имаме кон себеси.

Работите во животот не одат секогаш по планираното, но сите нешта доаѓаат на свое место во вистинско време.