Министерката за образование и наука, Весна Јаневска на прашањето дали се очекува затворање на нови високообразони институции кажа дека има комисија и правници кои ги носат одлуките, но дека според неа има уште неколку кои се очекуваат да бидат затворени.
Во изјава за ТВ Алсат министерката вчера соопшти дека со одлука на Министерството за образование и наука затворен е Институтот за биометриски истражувања од Скопје, кој е осма по ред затворена научно-образовна институција.
„За жал, законот не е доизречен и ние во моментот правиме ново законско решение каде што ќе се предвидат сите пропусти кои постоеле досега во законот. Во овој момент, тргнавме да ги средиме работите, да не се прави некаква дополнителна штета, а кога ќе го завршиме тоа и со новите законски решенија ќе постапуваме така како што треба“, рече денеска Јаневска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.