Молитва за животот...

Животе, уништи го во мене она што треба да биде уништено. Поправи ја мојата надеж дека нешто треба да биде поправено. Користи ме. Создавај со мене, со мене сликај ја секоја капка на платното на животот. Помогни ми да живеам исполнет и уникатен живот, да одам низ шумата по пат кој никогаш претходно не бил разгазен.

Покажи ми како да сакам подлабоко, подлабоко отколку што некогаш сум мислел дека е возможно. Стави го пред мене она од коешто порано бегав. Помогни ми да омекнам и да се опуштам и целосно да го прифатам она со коешто сѐ уште војувам. Ако моето срце сѐ уште е затворено, покажи ми како да го отворам без насилство. Ако се врзам за нешто, помогни ми да се ослободам од тоа.

Дај ми предизвици, борби и наизглед непремостливи препреки, особено ако тие ми донесат уште подлабока понизност и доверба во животот. Помогни ми да ѝ се смеам на мојата сериозност. Дозволи ми да пронајдам хумор во темнината. Покажи ми длабоко чувство на мир среде бура.

Никогаш не ја криј вистината од мене. Благодарноста нека биде мој водич. Простувањето нека стане моја мантра. Овој момент нека биде мој постојан придружник. Дозволи ми да го видам твојот лик во секое лице. Дозволи ми да го почувствувам твоето топло присуство во моето сопствено присуство.

Задржи ме кога ќе се сопнам. Диши со мене, кога јас самиот не можам да дишам.

Дозволи ми да умрам живеејќи, наместо да живеам умирајќи.

Амин.

~ Џеф Фостер