Моќни вистини кои ќе ви го променат животот: Не чекајте животот да стане совршен и да ви ги донесе вистинските можности за да почнете да живеете

Знаејќи ги овие моќни вистини ќе ви го промени животот и ќе живеете со повеќе слобода и радост.

  1. Ние сме социјални суштества, но самите сме си доволни. Ако не умееме да бидеме сами и да се сакаме себеси така, никогаш нема да научиме да бидеме ниту со другите луѓе.
  2. Се раѓаме со одредена вредност и ја носиме со себе низ животот. Немаме потреба да им се докажуваме на другите, ниту пак да се менуваме за нив, но имаме обврска кон себеси постојано да инвестираме во себе.
  3. Сите сме различни и сечија патека низ животот е различна.
  4. Имаме два дела во себе: нашиот ум кој размислува и пресудува и се носи со стравот и желбите и душата во која лежат простувањето, љубовта и невиноста.
  5. Не можеме да се смениме и да постигнеме успех ако не ја напуштиме зоната каде се чувствуваме најпријатно.
  6. Секој ден, секој момент е нов почеток. 
  7. Враќањето во минатото никогаш не ни носи ништо добро, освен потсетување на убавите спомени.
  8. Среќниот живот се живее во баланс -  давање и земање, но и грижа за себеси.
  9. Вистинската среќа не зависи од надворешните фактори. Можеме да имаме многу, но радоста од тоа трае прекратко.
  10. Светот во кој живееме е рефлексија на нашите мисли, стравови и ограничувања. Што чувствуваме во себе, тоа наоѓаме и надвор од себе.
  11. Не можеме да ги смениме ситуациите, но можеме да избереме како ќе реагираме на нив и колку внимание ќе им дадеме на луѓето.
  12. Простувањето е само уште едно име за слободата.
  13. Нашите верувања не се ултимативни вистини. Тие се само мисли и нашата перцепција.
  14. Сите сме загрижени што другите мислат за нас, но тие не обрнуваат толку внимание на нас колку што ниемислиме. Затоа, опуштете се.
  15. Ако чекате животот да стане совршен и да ви ги донесе вистинските можности за да почнете да живеете, ќе се изначекате.