Овие внимателно одбрани мудри зборови ќе ви дадат мотивација и поддршка во тешки времиња, особено во овие во кои живееме.
„Секој е генијалец. Но, ако ја оценуваме рибата на основа на нејзината способност да се качува на дрво, таа цел живот ќе мисли дека е глупава.“ – Алберт Ајнштајн
„Ако барате среќа за другите, ќе најдете среќа и за себе.“ – Непознат автор
„Сѐ може да му биде одземено на човекот, освен една работа: последната човечка слобода – правото на избор во какви и да било околности, правото да го избере сопствениот пат.“ - Виктор Франкл
„Успех е да чекориш од неуспех до неуспех без да го губиш ентузијазмот.“ – Вистон Черчил
„Морате да бидете промената која сакате да ја видите во светот.“ – Ганди
„Кога една врaта се затвора, друга се отвора, но понекогаш толку често гледаме во затворената врата, што не ја гледаме онаа која се отворила.“ - Хелен Келер
„Предизвиците го прават животот интересен, а нивното надминување му дава смисла на животот.“ – Џошуа Џ. Марин
„Умот на кој му е пружено ново искуство никогаш не може да се врати во својата стара димензија“. – Оливер Вендел Холмс
„Животот навистина е едноставен, но ние инсистираме на тоа да го комплицираме.“ – Конфучие
„Боже, дај ми разум да ги прифатам работите кои не можам да ги променам, сила да ги променам работите кои можам да ги променам и мудрост за да ја препознаам разликата помеѓу двете.“ – Рајнхолд Нибур
„Повеќето луѓе не слушаат со намера да разберат, туку слушаат со намера да возвратат.“ – Стивен Кови