Моќни будистички пораки за тешките времиња низ кои минуваме

Да сакаме значи да не се трудиме да поседуваме друга личност. Да сакаме значи да сме тука за да пружиме радост и утеха за другата личност во нејзиното патење. Таа способност мораме да ја развиеме.

Будистичкиот монах од Виетнам е еден од највлијателните ментори на нашето време Тич Нат Хан, човек од кој можеме многу да научиме за животот, мирот, љубовта и односите со другите луѓе.

Неговата мудрост е непроценлива и иако видел многу патење со своите очи, никогаш не ја изгубил вербата во човечката добрина и човечност.

Ова се неговите најпознати цитати.

- Понекогаш мислиме дек сме пронашле партнер кој го карактеризира сето она што е добро, убаво и оригинално. Но, по некое време сфаќаме дека имаме погрешна претстава за оваа личност. Вистинскиот партнер или пријател е оној кој ве поттикнува да погледнете длабоко во себе во потрага по убавина и љубов.

- Морате да сакате на таков начин така што другата личност ќе направи да се чувствувате слободно.

- Кога ќе посадите билка и таа расте лошо, не ја обвинувајте билката. Вие сте причината. Можеби и е потребно повеќе ѓубриво или вода, или пак помалку сонце. Но, не ја обвинувајте неа. Истото е и кога ќе се јават проблеми со нашето семејство или пријатели. Ја обвинуваме другата личност. Тоа не носи позитивни резултати, а залудно е да ја убедиме другата личност во тоа користејќи аргументи и образложенија.

- Да се биде убав значи да се биде тоа што сме. Не треба другите да нè прифатат. Ние мораме да се прифатиме себеси.

- Од незнаење како да сакаме, само ги повредуваме оние кои ги сакаме.

- Некои луѓе живеат како да се веќе мртви. Околу нас одат луѓе кои се опседнати со своето минато, плашејќи се од иднината и останувајќи заглавени во љубомора и лутење. Тие не живеат, само одат како мртовци.