Моќна тактика на Сигмунд Фројд: Кога некој сака да ве навреди, кажете му го ова:

 

Оној момент кога туѓото мислење и ставови ќе престанат да не погаѓаат, тој момент стануваме слободни луѓе.

Сигмунд Фројд рекол дека ако личноста не е груба, нема проблеми и сите ја сакаат, најверојатно умрела. Тоа значи дека не можете да се оградите од негативноста на другите луѓе, таа секогаш ќе постои, но, вие бирате колку таа ќе влијае врз вашиот живот и како ќе реагирате. 

Луѓето се емотивни битија и често критиката, осудата или навредата од другите луѓе може да доведе до очајување, неудобност и да ја наруши самодовербата. Конструктивната критика од блиските луѓе на кои им верувате треба да се прифати, но навредите при комуникацијата може да бидат отровни стрели. Личноста која ве навредува има само една мисла - да ве повреди. Фројд изјавил: „Силната личност никогаш не го презема товарот на туѓите изјави.“

Како всушност да се поставите на навредите и на лошото однесување? Не се расправајте, туку кажете „Да“ со мирно лице и нормален тон на гласот на кој било негативен коментар. 

Моќта на мирното „Да“ е во состојба да го стопи секој психолошки притисок затоа што едноставно ја лишите личноста од можноста да ве повреди со нешто и со самото тоа што не се браните го докажувате спротивното, го обезвреднувате секој напад, а на непријателот не му дозволувате да дојде до целта.

Покрај магичното „Да“ за да се заштитите од навреди важно е да работите на самодовербата. Не дозволувајте вашиот мир да зависи од надворешни проценки. Здравото самопочитување е проценка на самиот себе, а мислењето на оние околу тебе е судење или ценење на вредноста, најчесто површна, не секогаш со добра цел. Мисијата на навредата може да биде омаловажување или претставување во подобро светло.

Фројд рекол: „Сите луѓе да се одценуваа сами себе и да не се бавеа со вреднување на другите, грубоста ќе изумреше како феномен.“

Покрај овој, единствениот вистински начин да се заштитите од личностите кои се склони кон навредување е целосно да се дистанцирате од нив. Почитувајте се, не дозволувајте токсичните луѓе да ви ја крадат енергијата. Опкружете се со позитивни луѓе кои ве сакаат, ве почитуваат и ве поддржуваат затоа што вие тоа и го заслужувате.