Моќна мотивациска приказна за нашата издржливост во животот

Една млада девојка отишла кај својата баба и се пожалила дека животот и е многу тежок. Не знаела како да продолжи понатаму и посакала да се откаже од сè во животот. И изгледало дека ниту еден проблем не може да се реши.

Слушајќи ги нејзините зборови, бабата ја однела во кујната. Наполнила 3 лонци со вода и ги ставила на оган додека водата не проврела. Во првиот лонец ставила моркови, во вториот јајца, а во третиот зрнца кафе. Седнала и чекала.

По неколку минути, го исклучила шпоретот. Потоа го извадила морковот од тенџерето и го ставила во една чинија, потоа јајцето, па зрната кафе.

Кажи ми што гледаш, и рекла таа на својата внука.

Гледам моркови, јајца и кафе, одговорила збунето младата девојка.

Потоа бабата ја замолила да го допре морковот. Го направила тоа и видела дека тој е толку мек, што речиси и се распаѓа. Потоа, го земала јајцето и пробала да го скрши, видела тврдо варено јајце. На крајот, бабата ја замолила да ја проба водата во која се вареле зрната кафе. Внуката се насмеала, чувстувајќи ја богатата арома на кафето.

Што значи сето ова, бабо? Прашала таа.

Бабата објаснила дека секоја од тие намирници се соочила со иста неволја – водата која врие. Но, секоја од нив реагирала на различен начин.

Морковите омекнале, јајцето било меко и требало да се внимава со него,  но штом почнало да се вари неговата лушпа ја штитела својата течна внатрешност, меѓутоа зрната кафе биле единствени. По варењето, тие ја промениле водата. 

Каде во сето ова можеш да се пронајдеш? -  прашала бабата на крајот.